Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Ријана за првата средба со партнерот АСАП Роки: Ме зграпчи за задникот

11 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Нејзината прва средба со раперот се случила во 2012 година на доделувањето на MTV Video Music Awards, а сега таа раскажа како се запознала со него.

„Ме зграпчи за задникот. Тоа беше дента кога се запознавме. Мојот тим беше загриќен дека сакам да му ја ставам главата на послужавник. Помисив: Ах, не.Поради тоа сите рекоа:  Боже мој. Тој ѝ се допаѓа“, раскажа Ријана. Сепак, требало да поминат години пред Ријана и Роки да бидат подготвени да стапат во врска, до 2019 година.

„Се знаеме долго време. Го гледав во врски. Ме гледаше во врски. Знаевме за што сме способни и неволјите што можевме да си ги донесеме во животот еден на друг. Можевме да се обожаваме или да си ги скршиме срцата. И така почнавме да излегуваме со многу претпазливост“, откри таа.

Таа се осврнала и на тоа како на почетокот не била сигурна дали Роки е вистинскиот. „Само дозволив да се случи што и да се случи. Тоа беше само: „Ова е цвет. Или ќе умре или ќе процвета, но ќе дозволам да се случи“, рече таа. Таа додаде дека се надева дека ќе продолжи да го проширува своето семејство со раперот: „Не знам што сака Бог, но би се согласила на повеќе од две деца“, рече таа.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ