Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Посмртните останки на Бата Живоиновиќ ќе бидат преместени од Алејата на заслужните во Белград

13 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По желба на Бата, тој ќе биде погребан покрај сопругата Јулијана Лула Живојиновиќ, пренесува Блиц.

Инаку, синот на Бата, Миљко Живојиновиќ, еднаш откри дека веќе добиле согласност и сите потписи тоа да го направат во 2020 година.

- Во 2020 година ги добивме сите потписи и согласност посмртните останки на Бата да бидат преместени. Меѓутоа, тогаш започна короната и сѐ запре. После тоа било откриено дека низ парцелата каде што требало да биде преместен поминувала водоводна цевка, која потоа ја префрлиле од водоводот. Потоа чекавме да помине некое време за да се среди земјиштето и сега сѐ е решено, а може да почнеме и со постапката за преместување на посмртните останки на татко ми. Планот е тоа да се направи до 1 мај, а за точниот датум ќе бидете известени - рече Миљко Живојиновиќ и додаде дека направил сѐ што е до него:

- Сега одам во Аранѓеловац, нарачав бел мермер, па надгробната плоча ќе биде готова. Кога ќе дојде тој ден, според нашите стари верски и традиционални обичаи, ќе се изврши погребот и сѐ што следи. Сите членови на нашето семејство се запознаени и ќе присуствуваат тој ден, како и сите оние блиски луѓе кои сакаат. Бата ​​конечно ќе почива покрај Лула, како што сакаа - изјави тогаш Миљко Живојиновиќ за „Информер“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ