Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Нов удар за Кејт Мидлтон (фото)

14 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Теориите на заговор за принцезата од Велс и проблемите во нејзиниот брак екплодираа на социјалните мрежи.

По дебаклот со обработената фотографија на која Келт Мидлтон е со децата, уследи нов удар за принцезата од Велс. Нејзиното повлекување од јавноста за да закрепне по операцијата на абдоменот извршена на 16. јануари предизвика низа гласини и теории на заговор.

Масло на оганот ненамерно долеа и Кесингтонската палата со своите несмасни објаснувања, па нагодувања за тоа што всушност се случува со саканата принцеза.

 -Идејата дека Кејт Мидлтон не можела да седи за едно фотографирање ми говори дека ситуацијата е многу пострашна отколку што е познато – изјави неодамна извор близок до кралското семејство во врска со здравствената состојба на Кејт Мидлтон за британски „Д Пост“.

Теорија на заговор

По скандалот со фотошопираната фотографија, во понеделникот фотографите конечно ја снимија Кејт како го напушта дворецот Виндзор додека седи во автомобилот со сопругот, принцот Вилијам.

Но, матната фотографија на која таа е завртена со главата настрана, доведе до екплозија нови гласини и заговори дека со британскиот престолонаследник во автомобилот воопшто не била Кејт Мидлтон, туку неговата наводна љубовница Сара Роуз Хандбери, маркизата од Чолмодели.

Приказната експлодираше на мрежата Х, поранешен Твитер, а корисниците се обидоа да ја докажат теоријата споредувајќи ја сликата на личноста во автомобилот со Вилијам и маркизата Ханбери. Таа со сопругот и трите деца живее во близина на резиденцијата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а освен тоа била и многу блиска пријателка со принцезата од Велс.

Гласините за наводна афера помеѓу принцот Вилијам и убавата маркиза се појавија во 2019 година кога двајцата наводно биле забележани на романтична вечера. Минатата пролет шпанските медиуми објавија сторија за наводна жестока расправија помеѓу Кејт Мидлтон и принцот Вилијам токму поради Роуз Ханбери, која многумина и денес ја обвинуваат за турбуленциите во бракот на кралската двојка.

Беше објавено дека британскиот престолонаследник на Денот на вљубените поминал романтична вечера со својата сакана, што ја налутило неговата сопруга која по расправијата со сопругот ѝ одржала лекција и на соперничката.

Сепак, убавата маркиза беше видена и на крунисувањето на кралот Чарлс Трети минатиот мај, а потоа, во август, како се забавува во друштво токму на Кејт Мидлтон на еден фестивал.

Која е фаталната маркиза?

Лејди Сара Роуз Ханбери со генерации е поврзана со кралското семејство. Нејзината баба, лејди Елизабет Ламберт, била една од девериците на венчавката на кралицата Елизабета II. Едно време, Сара Роуз работела како модел и се занимавала со политичко истражување. Таа сега управува со имотот на својот сопруг, Дејвид Роксавиџ, кој е 23 години постар од неа и со кого има 3 деца, 15-годишните близнаци и 8-годишната ќерка.

Извор: srecna.republika.rs

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ