- Овој пат најголемиот на Балканот (според мене и многумина), Един Дервишхалидовиќ или познат како Дино Мерлин уметничко име кое произлегло од бендот Мерлин во кој бил главен вокал.
Во денешницата речиси не поминува ноќ без да слушнеме неколку негови хитови по локалите, баровите, дискотеките и особено на запивките. Покрај прекрасниот и уникатен вокал, босанскиот изведувач е и предобар гитарист, басист и клавјатурист, а најмногу ме восхитува тежината на неговите текстови кои сам си ги пишува, вели Ненад Вржалски, дел од уникатниот состав 90 Жици, кој за своите фанови спакува интересна музичка порака.
- Човекот има репертоар доволно за цели две свирки без никој да се побуни дека не ги знае песните. Иако е веќе во залез на кариерата, тој се уште твори и секоја година вади по неколку нови хитови. Ова е една од моите омилени негови балади, а особено е неопислива атмосферата на оваа песна за време на неговите концерти. Запијте се и слушајте. Верувам дека после ова ќе оди во прилог цел репертоар на Дино. Искрено мене доста често ми ја отвора дизната :)) , се шегува вокалот Ненад, кој со својата банда е чест домаќин на забавите по кафулињата и клубовите низ земјава.
Уживајте во звукот на 90 Жици.