Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Меган Фокс потврди дека ја раскинала свршувачката со познатиот рапер Машин Ган Кели

21 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Актерката сега потврди за време на гостувањето во подкастот на Alex Cooper Call Her Daddy дека таа и раперот ја раскинале свршувачката.

"Се чини дека сите имаат мислење за вашата врска. Се веривте, па мислам дека ја прекинавте, а сега не знаеме што се случува. Како би ја опишале вашата врска со МГК?" ја праша Алекс Купер.

Меган одговори: „Научив дека таквите работи не се за јавноста, така што сега немам коментар за статусот на врската. Тој е моја сродна душа и секогаш ќе бидам поврзана со него на некој начин“.

На крајот од емисијата таа потврди дека ја раскинала свршувачката.

Да потсетиме, имаше гласини дека трето лице им пресудило на нивната врска, но Фокс тоа го демантираше. Двојката започна да се забавува во 2020 година по нејзиниот развод од Брајан Остин Грин. Тие наводно се зближиле за време на снимањето на Midnight in the Switchgrass. Тие се верија во јануари 2022 година.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ