Австралиската актерка ја играше Наоми во драмата од 2013 година и се појавува целосно гола додека се обидува да го заведе богатиот брокер Џордан Белфорт, кого го игра Леонардо ди Каприо. На почетокот, режисерот Мартин Скорсезе рече дека може да носи наметка ако така ѝ е поудобно, но Роби имала поинаква идеја како чувствува дека повеќе му одговара на ликот, објави НМЕ.
„Тоа не би го направила во таа сцена. Целата поента е дека таа ќе излезе целосно гола - тоа е картата што таа ја игра“, објасни Марго во подкастот Talking Pictures: A Movie Memories.
Не е прв пат Марго Роби да донесе храбра идеја во филмот. На последната аудиција, сцената барала таа да го бакне Ди Каприо, но наместо тоа, таа му удри шлаканица.
"Мислев дека можам да го бакнам Леонардо ди Каприо токму сега, и тоа би било одлично. Едвај чекам да им кажам на сите мои пријателки за ова. И тогаш помислив... не. И само го удрив по лицето", рече Роби.
"Беше мртва тишина која се чинеше како цела вечност, но веројатно траеше три секунди. Потоа само пукнаа од смеење. Лео и Марти се смееја толку силно што рекоа: "Тоа беше одлично", рекла Роби.
Во истиот подкаст, Роби откри и дека ја слушала тематската музика од „Титаник“ за да ја расплаче на снимањето.