23-годишниот <span lang="MK" style="font-family:
"Arial",sans-serif;mso-ansi-language:MK">Кристијан Богески од Скопје е првиот Македонец кој потпиша договор со светски познатата модна агенција Даман, со седиште во Истанбул, Турција. Кристијан во светот на модата влегол случајно, а не за џабе се вели дека случајните нешта се најубави, но ете неговите фотографии дошле до вистинските луѓе и набрзо на неговата адреса стигнал договор. </span>
Кристијан пред да почне да се занимава со мода, бил дел од светот на спортот, односно бил ангажиран како фудбалски судија. Свирчето и копачките сега малку ќе почекаат затоа што место по зелените терени, тој ќе чекори во светот на модата.
За потребите на агенцијата нарави неколку фотографии со фотографот Стефан Николовски, а веќе за неколку дена тој заминува за Истанбул каде го чекаат ангажманите за неколку турски брендови.
Кристијан има 23 години, црномурест е, висок 189 сантиметри и има прекрасни сини очи.