Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Фото: Џенифер Лопез во секси бикини без сопругот Бен ужива за „сите пари“

23 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Џенифер, која по трет пат го кажа судбоносното „да“, овој пат на својата стара љубов Бен Афлек, наводно е во тешка криза кога е во прашање нејзиниот приватен, не само професионалниот живот.

Популарниот холивудски актер наводно неодамна се иселил од заедничкиот дом и изнајмил куќа во близина на домот на поранешната сопруга Џенифер Гарнер, а за тоа време Лопез молчи и ужива.

Сега папараците ја уловија „жешката Латиноамериканка“ во Италија, на приватна јахта како лежи и ужива за сите пари.

Лопез, која има 54 години, и сега изгледа исто како и на почетокот на кариерата, како двојно помлада и атрактивна убавица.

Облечена во бел костим за капење, со соодветни потпетици, изгледа како да нема грижа на светот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ