Пејачката и
актерка со една изјава успеаја да ја подели и разбесне јавноста.
Лили Ален е
пејачка и актерка која со години важеше за една од урбаните девојки кои уживаат
во доброто време, додека не се пресели на село и не им се посвети на децата.
Познатата
музичарка сега реши да си ја отвори душата и така откри како всушност ќерките и
ја уништиле кариерата.
Таа истакна дека
жените треба да одлучат дали сакаат кариера или семејство.
„Децата ми ја
уништија кариерата. Ги сакам и ме комплетираат, но што се однесува до мојата
поп-кариера, тие целосно ја уништија“, рече таа во подкаст.
„Навистина ме
нервира кога луѓето велат дека можеш да го имаш сето тоа затоа што, искрено, не
можеш. Некои луѓе ја избираат својата кариера наместо децата и тоа е нивна
работа, но моите родители беа прилично отсутни кога јас бев дете. Се чувствувам
како тоа ми остави некои непријатни лузни кои не сум подготвена да ги
повторувам кај моите деца“, истакна таа.