Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Бред Пит чека дете со 29 години помладата Инес?

6 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Но, тие го привлекоа вниманието на јавноста со појавувањето заедно на 81. Филмски фестивал во Венеција.

Сега се шпекулира дека новата партнерка на Бред наскоро би можела да стане мајка. Имено, анонимен извор открил за порталот In Touch дека Бред и Инес наскоро би можеле да ја објават среќната вест.

„Бред и Инес станаа многу сериозни, таа се пресели кај него и разговараа за бебе. Можеби за некого е шокантно, но блиските не би се изненадиле доколку таа е веќе бремена. Но, Бред е во подобра форма од повеќето мажи на негова возраст и дефинитивно не би бил првата холивудска ѕвезда која ќе има дете со многу помлада жена“, рекол близок извор, додавајќи дека споменатата двојка е многу заљубена и иако не планираат да се венчаат, изворот тврди дека Бред често истакнува дека Инес е наједноставната жена со која некогаш бил.

Инаку, Бред често го поврзуваа со бројни жени, но јавноста најмногу ја памети неговата љубов со актерката Анџелина Џоли со која има шест деца. Двојката помина повеќе од десет години заедно, а се венчаа во 2014 година на интимна церемонија во Франција, опкружени со децата и семејство.

Анџелина и Бред посвоија три деца: Медокс, Захара и Пакс, а биолошки имаат три деца: Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.

И покрај сликата за совршено семејство што често ја претставуваа, нивната врска имаше многу подеми и падови. Анџелина и Бред често се соочуваа со гласини за проблеми во врската, а во 2016 година Анџелина поднесе барање за развод наведувајќи ги како причина непремостливите разлики. Нивниот развод беше долг и сложен, особено поради проблеми со старателството над децата.

Трите ќерки на Пит се откажаа од презимето на нивниот татко.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ