Се шпекулира дека Клинт Иствуд, на свои 94 години, има нова девојка после смртта на претходната, и дека веќе ја покажал на своето семејство.
Американскиот таблоид портал Радар Онлине објави вест, повикувајќи се на неименуван извор од потесниот круг на легендарниот актер.
„За повеќето нормални луѓе, повторното излегување после таква загуба би било изненадување. Но, Иствуд има 94 години и знае дека мора максимално да ужива во животот. Тој сака партнерка и веќе ја претстави својата нова љубов во својот најблизок круг. Иствуд остана уништен откако неговата долгогодишна партнерка Кристина Сандера почина на 61-годишна возраст“, рекол изворот.
Иствуд и Сандера се запознале кога работела како водителка во неговиот ресторан, хотелот и ресторанот „Мисија ранч“, а причината за нејзината смрт е наведена како срцев удар.
Клинт Иствуд неодамна доби уште едно внуче, неговата ќерка роди девојче по име Клио.