Британскиот актер Џад Лоу ќе го глуми Владимир Путин во претстојниот трилер „Волшебникот од Кремљ“!
Во интервју за <span style="background-color: rgb(168, 214, 255);">Deadline, </span>52-годишниот актер откри дека ќе го игра рускиот претседател Владимир Путин во претстојниот филм насловен „Волшебникот од Кремљ“, објави магазинот People.
Во режија на францускиот режисер Оливие Асајас, Лоу ќе има споредна улога и ќе го портретира Путин, кој сега има 72 години, „на почетокот на неговата кариера“, пишува весникот.
- Навистина сè уште не сум почнал да работам на тоа. Всушност, сум почнал, но во овој момент ми изгледа како да се искачувам на Еверест, а јас сум во подножјето и гледам нагоре и размислувам“, рече актерот.
Како што рече, често се чувствува така откако ја прифатил улогата.
- О Боже, како ќе го направам ова? Но, во секој случај, на мене е да одлучам“, истакна Лоу.
Настаните од политичкиот трилер „Волшебникот од Кремљ“ се случуваат во раните 1990-ти, а заплетот следи млад уметник кој неочекувано станува ПР-менаџер на перспективниот офицер на ФСБ, Владимир Путин.
Адаптацијата на истоимената книга на Џулијано да Емполи ја раскажува приказната за продуцентот Вадим Баранов, кој станува политички стратег на рускиот претседател на почетокот на неговата кариера. Некои набљудувачи забележуваат дека главниот лик бил инспириран од рускиот функционер Владислав Сурков.