Дури кога сфатила што се случува, решила да ја вклучи камерата, а нејзината објава на TikTok станала вирална и „собрала“ повеќе од 1,4 милиони прегледи.
„Никогаш не сум видела ова да се случи порано. Од носот ѝ излегуваше пареа. Мислев дека тоа е медицинско помагало, па не се мешав“, објасни таа.
Пареата била видлива и додека стјуардеса им делела пијалоци на патниците на летот на Американ Ерлајнс на 2 ноември. Тогаш Алајна, како што тврди, забележала клучен детал.
„Препознав вап, како оние што ги добивате на бензинските пумпи. Не знаев што да правам, освен да се смеам. Молчев, бидејќи имавме една стјуардеса, а се приближувавме до нашата дестинација“, додаде таа.
Алајна го објави видеото на популарна социјална мрежа, тврдејќи дека патничката „не престанал да испарува за време на двочасовниот лет“.
Американ Ерлајн не дозволува користење на електронски цигари или вапови на своите летови, пренесува Newsweek, кој побарал коментар и од компанијата.
Видеото од нивниот авион предизвика реакции кај многу корисници на TikTok, а над 1.000 оставија коментари. Повеќето го критикуваат однесувањето на патничката.
„Луѓето немаат почит кон другите и затоа општеството е такво какво што е. Законите постојат со причина“, напишало едно лице.
„Би ѝ кажал на стјуардесата. Не сакам да го почувствувам таквиот здив“, додаде друг.
„Ако луѓето научиле да не пушат во авиони, можат да научат и за вапови“, заклучува трет.