Сигурно имало ситуации кога наставниците не ве пуштале да излезете, затоа што сакале да кажат уште нешто, или дале домашна задача.
Во едно училиште во САД се случила сосема поинаква приказна, кога наставниците - како по команда, излетале од училниците штом заѕвонило!
Урнебесното видео се појави на мрежите и брзо стана вирално. Само на X платформата „собра“ 17,1 милиони прегледи.
„Наставниците се договориле и вака го напуштиле училиштето по последното ѕвонче“, се вели во пораката.
Еден од нив на почетокот истрчува во ходникот во „наруто стил“, а другите колеги брзо го стигнуваат. Учениците на почетокот се шокирани, но потоа ја разбираат шегата и почнуваат да се смеат.
The teachers agreed among themselves and left the school like this after the final bell rang. 😂😂 pic.twitter.com/iAzwHo6fyh
— Figen (@TheFigen_) December 15, 2024