Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Вулкан на Камчатка во Русија исфрли пепел во висина од пет километри

26 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Вулканот Каримски на Камчатка на рускиот Далечен Исток денеска исфрли пепел во висина до пет километри, а пепелта може да покрие населени места, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Во соопштението се наведува дека пепелта се шири во правец на северозападните населени места и дека е загрозен природниот резерват Кронотски.

Од Министерството посочуваат дека најверојатно до 28 јуни вулканот ќе продолжи да исфрла пепел што ќе падне врз населените места. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ