Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Во Индија 11 отсто помалку врнежи годинава од просекот за сезоната на монсуните

1 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според податоците на Индиската метеоролошка агенција, во јуни оваа година во Индија се регистрирани 11 отсто помалку врнежи од просечните вредности, бидејќи монсуните го изгубиле интензитетот во средината на јуни во сите региони освен јужниот дел на земјата.

Централна Индија имала 14 отсто помалку врнежи, северозападниот дел на земјата имал 33 отсто помалку, а североисточна Индија има 13 отсто помалку врнежи од јунскиот просек, покажуваат податоците собрани од Индиската метеоролошка агенција.

Дури 14 отсто повеќе врнежи од дожд од просекот за овој период од годината има во јужна Индија, соопштија од Индиската метеоролошка агенција. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ