Новата година се славеше низ целиот свет, нормално никаде не недостигаше спектакл.
Во Рио де Жанеиро, Бразил, повеќе од 2,5 милиони луѓе присуствуваа на јавната новогодишна забава која традиционално се одржува на плажата Копакабана.
Новогодишната прослава вклучуваше 12-минутен огномет и музика.
И покрај загриженоста за невремето и ветерот, новогодишниот огномет беше одржан и во Лондон, а Американците исто така традиционално ја дочекаа Новата година на Тајмс Сквер во Њујорк со спуштањето на кристалната топка.
Спуштањето на топката на Тајмс Сквер го претставува моментот во кој, за време на одбројувањето, топката се спушта на големиот јарбол, со што се означува почетокот на новата година.