Етикетите на облеката понекогаш може да бидат многу збунувачки. Големините може да се разликуваат во различни делови на светот, понекогаш се означени со бројки, понекогаш со букви. Исто така, постојат бројни упатства за одржување на облеката.
Но, кај некои модни брендови се појавија сосема различни етикети кои на многумина им се непознати, а важно е да се знае на што укажуваат.
Неодамна се појави видео на ТикТок, што во последно време стана ризница со совети, кои сме сигурни дека ќе ви бидат корисни. Имено, една корисничка на оваа социјална мрежа објави видео на кое покажа што значат симболите на етикетите. На едното парче облека е насликан квадрат, на друго триаголник, а на третото круг. Погледнете што претставува секој од нив и како да изберете облека врз основа на тоа.
Значи, не е се до упатството за перење алишта, иако треба да внимавате и на тие упатства, бидејќи тоа може да доведе до трајно оштетување на нашето омилено парче или до тоа дека од машината за перење може да добиеме џемпер кој не е баш исти димензии како кога го ставаме за перење.