Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Видео: Принцот Вилијам вистински уживал на концертот на Тејлор Свифт

23 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во видеото кое стана вирално на мрежата Х, Вилијам може да се види како танцува на песната „Shake It Off“.

Многумина во коментарите под објавата напишаа дека се изненадени од опуштеното издание на принцот, но и од тоа што ја слуша Тејлор Свифт.

Вилијам на концертот беше заедно со децата, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Принцот се пофалил и со селфи со суперѕвездата. „Благодарам Тејлор Свифт за одличната ноќ“, стои во описот на фотографијата.

Со селфито се пофали и самата пејачка. Покрај принцот и неговите деца, со нив позираше и Тревис Келче, момчето на Тејлор.

Пријателството меѓу поп-принцезата и идниот крал на Англија датира уште од 2013 година заедно на сцената со Џон Бон Џови ја изведоа песната „ Livin' on a prayer" “, за време на „Winter Whites Gala“ во Кенсингтонската Палата.

Според „ Дејли Мејл“, шестгодишниот принц Луис останал дома со својата мајка Кејт Мидлтон. На концертот присуствуваа и други членови на британското кралско семејство, Зара и Мајк Тиндал.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ