Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Стотици илјади лица во САД останаа без електрична енергија поради силно невреме

4 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во текот на ноќта силно невреме го погоди градот Џеферсонвил, во сојузната држава Џорџија, како и државата Индијана, а бројот на повредени на оделни места не надминува десет. 

Има сомнежи дека вп местото Тула, во сојзунаат држава Оклахома, еден смртен случај е поврзан со невремето. 

Во четири окрузи во централна Флорида, каде живеат околу 6,5 милиони лица, важи предупредување за опасност од торнадо, со ветрови од 110 километри на час. 

Синоптичарите предупредуваат дека силните бури „способни да произведат неколку торнада“ денеска би можеле да ги погодат источна Вирџинија и Северна Каролина. 

Во вторникот, 16 торнада беа пријавени на државните метеоролошки агенции во Кентаки, Илиноис, Тенеси, Охајо, Алабама и Џорџија. 

Во Тенеси, околу 40.000 домови и деловни објекти останаа без струја откако гром удри во трафостаница. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ