Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Стигнал до врв на карпа, па се лизнал- одекнува неговиот ужасен крик (ВИДЕО)

23 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој за чудо преживеа, откако се лизна и падна по стрмна карпа, додека неговата камера ја сними драматичната снимка.

На почетокот го гледаме Менг како се качува на карпата, а потоа го губи чекорот и почнува да се лизга надолу со голема брзина.

Тој вреска на цел глас и се обидуца да запре, но безуспешно, пренесува The Sun.

Веројатно мислел дека е готово, а потоа се случило чудо! Менг слетал на дрво што го спречило да пропадне во бездната.

„Не можев да застанам,се  лизгав сѐ побрзо и побрзо. А потоа паднав во дрво“, изјави тој за локалните медиуми.

Тој откри дека завршил со неколку модринки на нозете и расекотина на левата рака.

„Можам да кажам дека сум неповреден, кога ќе земеме сѐ во предвид“, истакна тој.

Видеото од инцидентот прво беше поставено на кинеската мрежа Douyin, а потоа стана вирално. Шокираните корисници истакнуваат дека Менг имала „неверојатна среќа“ што е жив.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ