Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Скандал во Британија: Жена болна од рак лежи на под во ходник - немало кревети во болницата

4 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На мрежите се појави наводната фотографија од жената која е примена за можна сепса и предизвика бурни реакции.

Медлин пристигнала во болница во неделата, околу три часот по полноќ, вели нејзиниот сопруг Џон (61).

Таа покажала симптоми на инфекција и им било кажано дека ќе чекаат во собата за итни случаи потенцијално 36 часа, пишува New York Post.

Медицинскиот персонал ѝ објаснил дека не можат да ѝ обезбедат кревет, инвалидска количка или столче, бидејќи нема ништо на располагање. Наместо тоа, и дале ќебе и перница и ја принудиле да лежи на подот, тврди сопругот.

„Бев ужаснат. Како е тоа прифатливо во денешно време? Терминално болен пациент лежи на подот?“, рече Џон.

Докторот кој ја примил Медлин го потврдил сомнежот за сепса, а Џон истакнува дека во еден момент медицинските сестри донеле инвалидска количка. Жената била примена на одделението дури вчера вечер.

Мајката на две деца е задржана во медицинската установа, каде што се опоравува.

„Добивме поплака за грижата на г-ѓа Бучер. Сакам да ѝ се заблагодарам што се јави и многу ми е жал ако квалитетот на негата што ја доби не ги исполни високите стандарди што ги очекуваат пациентите“, рече Мери Форшо, в.д. Извршен директор на здравствениот персонал во Блекпул.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ