Валентина Васиљева е име кое не звучи толку познато, но таа е Русинка која со својот сопруг поставила светски рекорд во нешто многу необично.
Денес стана многу ретко едно домаќинство да има повеќе од три или четири деца, иако сите знаеме приказни дека порано тој број бил барем двојно поголем.
Но, дали некогаш сте се запрашале колку деца може да роди една жена? Ако не, и тоа е во ред, а ако да, ова е текстот кој сигурно ќе ви даде одговор - не одговорот на кој можеби се надевавте, но сепак е одговор.
Валентина Васиљева и нејзиниот сопруг Феодор се погрижиле нејзините гени да останат на планетата уште многу години, со тоа што била мајка на 69 деца. Секое дете го родила Валентина, а Феодор имал уште деца од претходниот брак.
Имено, таа родила 16 пара близнаци, седум тројки и четири пати четворки. Тоа значи дека таа ефективно се породила 27 пати.
Валентина е родена во 1707 година во градот Шуја, кој се наоѓа на околу 250 километри североисточно од Москва. Таа била домаќинка, а сите раѓања на нејзините деца се случиле помеѓу 1725 и 1765 година. Жената најверојатно била бремена 37 недели со близнаци, 32 недели со тројки и 30 недели со четворки. Неверојатно, ако се земе предвид периодот во кој тоа се случило и фактот што ја немала најдобрата медицинска нега како обична домаќинка. Само две деца не живееле долго по раѓањето, пренесува „Marca.com“. Можете ли да замислите дека била бремена повеќе од 20 години?
Организацијата на Гинисовата книга на рекорди одлучила да поверува во приказната, па ги внела имињата на брачната двојка за овој необичен рекорд. Причината поради која решиле да веруваат, покрај фотографиите, било и писмото упатено до сопругот на Валентина, Феодор, кој во тоа време имал 82 живи деца.