Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Пожарникар во младоста спасил бебе од пожар

14 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Мајкл Хјуџс пред неполни 20 години свесно влегол во домот што горел, од таму ја изнел Даниел Дејвисон, поради што завршил на сите медиуми.

Приказните за храброст често остануваат врежани во срцата на оние кои ги доживеале, но понекогаш судбината наоѓа начин повторно да ги оживее таквите моменти. Еден пожарникар, кој пред речиси две децении го спасил животот на едно новороденче од пожар, не можел да ни сонува дека оваа приказна ќе го поврзе со неа години подоцна. Неочекуваниот повик, кој го доби речиси две децении по неговата херојска интервенција, го потсетил на моќта на благодарноста и на чудата кои произлегуваат од храбрите постапки.

Пожарникарот Мајк Хјуз од Вашингтон станал херој кога пред 17 години го спасил новороденото девојче Даниел Дејвисон од запалената куќа. Кобниот момент во 1998 година оставил длабока трага, но Мајк не ни насетувал дека тој чин многу години подоцна повторно ќе го поврзе со Даниел.

- Добивме повик за пожар, а јас најдов бебе во креветче. Ја извлеков на сигурно без многу да размислувам. Тоа беше момент кој никогаш нема да го заборавам - се присетил Хјуз, за чијшто херојски чин се пишувало и во весниците.

По 17 години, Мајк добил неочекуван телефонски повик. Од другата страна на линијата била Даниел, сега матурантка, која го поканила да присуствува на нејзината матура. За неа тоа бил начин да му се заблагодари на човекот кој ѝ го спасил животот.

- Беше навистина посебно што ме покани. Тоа што ме препозна и што се чувствуваше среќна поради тоа, многу ми значеше. Тоа што се сетив неколку дена пред повикот е доказ дека сè е судбина. Помислив: „Се прашувам дали тоа бебе што го спасив е живо и здраво“. Ја најдов на Фејсбук и беше прекрасно да се види дека израснала во прекрасна млада личност. Потоа ме контактираше, ако тоа не е судбина, не знам што е – заклучува тој.

Даниел, свесна колку ѝ се променил животот тој ден, емотивно проговори за пожарникарот пред медиумите

- Чудо е што сум излегла од тој оган. Чувствувам дека му должам многу. Неверојатно е што го запознав човекот што ми го спаси животот. Не можам доволно да му се заблагодарам – изјавила низ солзи на доделувањето на дипломите, додека Мајк седел во публика и ѝ аплаудирал.

Нивната приказна стана инспирација за многумина, посочувајќи дека херојските дела, дури и оние направени во дел од секундата, можат засекогаш да ги променат животите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ