<span style="color: rgb(0, 0, 0); font-family: "Franklin Gothic Regular"; font-size: 17px; background-color: rgb(249, 249, 249);">На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.</span>
Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.
Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.
<b>Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.</b>
Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна.
Сувото време носи суша.
Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа.
Денеска никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.