Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Момче доби 21.000 евра отштета, откако преживеал вистинска драма во пицерија

18 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тие тврдат дека детето го изгубиле од вид на неколку секунди, а потоа ја виделе неговата глава заглавена меѓу метален столб и ѕид. Итан „поплавел“, а на помош дошле многу гости, пренесува The Irish Times.

Додека родителите се обидувале да го ослободат својот син, некој му намачкал вазелин на вратот и го повлекол столбот за да направи повеќе простор. Таткото на Итан, Јан, тврди дека тој бил „заробен“ 15 минути додека менаџерот на пицеријата не ја отстранил бандерата.

По драмата, семејството чекало да ја плати сметката и да го потпише извештајот за инцидентот. Следниот ден, како што тврдат, не можеле да посетат општ лекар, бидејќи било празник, но истата недела закажале преглед.

Случајот завршил на суд, каде таткото рекол дека го пуштил малиот да ги „испружи нозете“ додека тој уживал во храната и пиењето со сопругата. Се слушнало дека малото дете се здобило со модринки на увото и главата.

Форензичкиот експерт Пат Калтон сведочел пред судијата и рече дека металниот столб „немаше структурна намена“ и дека е тешко да се забележи. Тој посочи дека тоа претставува „опасност за заглавување на децата“.

Менаџерот на ресторанот бил пофален за неговата улога во ослободувањето на Итан, при што судијата рече дека тој направил „одлична работа“. Сепак, бандерата ја нарече „скриена стапица“ и истакна дека секое четиригодишно дете може да го направи истото.

Тој не прифатил дека родителите не го надгледувале Итан. Констатирал дека настанот го вознемирил детето, предизвикал очигледна траума, повреди и наредил да му се исплати отштета од 21.000 евра.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ