<b><i>Меган Маркл поставила два услова до кралското семејство доколку сакаат и таа да се појави во Велика Британија.</i></b>
Откако на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон и беше дијагностициран рак, нарушената врска меѓу браќата Хари и Вилијам повторно се појави во медиумите, а како што се наведува, Хари и Меган дознале за дијагнозата на принцезата кога и остаокот од светот.
Познато е дека кралското семејство ја загуби довербата во Меган и Хари, особено по интервјуто со Опра Винфри, но и по мемоарите на принцот во кои тој изнесе бројни детали за семејството.
Наводно, Кејт ги поканила Сасекси во Британија за да ги видат нивните деца, но кралскиот биограф Том Квин открива дека Меган сè уште има одредени услови за нејзиното доаѓање.
„Хари би сакал да дојде до помирување, но тој целосно ја поддржува својата сопруга и додека таа не почувствува дека кралското семејство е доволно добро со неа и додека учтиво не и извини за минатото, тоа нема да се случи“, рече Квин.
Во блиска иднина останува само да видиме како ќе се развива односот меѓу двајцата браќа, како и дали Меган Маркл ќе попушти.