Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

„Луда“ забава: Го прослави роденденот опкружен со опасни змии (ВИДЕО)

17 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Експертот за рептили Џеј Бруер го прослави својот роденден со своите миленици и објави видео кое брзо стана вирално.

Тој сподели уникатен „спектакл“ со своите следбеници, покажувајќи ја страста што ја има кон опасните предатори, особено питоните.

Видеото „собра“ повеќе од седум милиони прегледи, а го гледаме како лежи со куп влекачи насмеан и опуштен.

„Денес е мојот роденден, па сакав да кажам колку ја ценам вашата љубов и да ја покажам прекрасната забава што ја приредив. Како што можете да видите, повеќето од моите пријатели се тука“, напиша Бруер.

Корисниците брзо реагираа, некои беа шокирани, а повеќето беа воодушевени од сцената, пренесува Times Now News.

„Ова е апсолутно диво! Никогаш не сум видел нешто слично. Среќен роденден Џеј“, напиша една личност.

„Не верувам колку питони има. Ова е најлудата забава досега“, додаде друг.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ