Тврди дека купил злато во минатото, но со текот на времето заборавил на тоа, а сега не знае каде го сокрил?!
Признаваме, приказната звучи надреално, особено ако се земе предвид дека тој наводно го оставил златото некаде во станот.
Видеото е прегледано повеќе од 2,6 милиони пати, а во центарот на вниманието се шипките платени 5.134 евра, пренесува Фокус.
„Смислив скриено место во станот, златото купено пред три години да биде безбедно. Сега заборавив каде е тоа место. Немам поим“, рече тој.
На крајот заклучува дека потрагата е залудна и дека некој иден станар ќе биде пресреќен ако го најде скривалиштето.
@jonas_private Irgendein Nachmieter wird sich mal freuen.. 🥲🥲🏅
♬ Originalton - Jonas Ems (Private)
Неговите придружници се обиделе да помогнат со совети, убедени дека Џонас навистина не знаел каде е „скриеното богатство“. Ја покажал и сметката за набавката.
„Земете детектор за метал и употребете го“, напишал едно лице.
„Кажи ми кога ќе се преселиш, јас би го изнајмил тој стан“, продолжи другиот.