Ако често ви останува пилешко после оброк, важно е да знаете
колку долго можете да го чувате во фрижидер.
Времетраењето на свежината на пилешкото зависи од начинот на
обработка и подготовка. Според стручните совети, остатоците од пилешка салата,
нагец, плескавици и варено пилешко може да се чуваат во фрижидер до три или
четири дена.
Доколку се работи за добро печено пилешко, може да трае и до
седум дена, бидејќи содржи поголема количина на натриум, што помага да се
зачува храната.
Важно е да се напомене дека начинот на кој се чува пилешкото
игра клучна улога во неговата издржливост. Остатокот од пилешкото секогаш треба
да се чува во фрижидер во рок од два часа по подготовката за да се спречи
растот на бактериите. Исто така, месото најдобро се чува во херметички сад или
пластична кеса, бидејќи тоа ќе помогне да се зачува свежината и квалитетот.
Доколку забележите дека пилешкото позеленило, има непријатен
мирис или станало лепливо, тоа се јасни знаци дека храната е расипана и во овој
случај треба веднаш да се фрли.
Имајќи ги на ум сите овие совети, правилното складирање на
пилешко може да ви помогне да уживате во остатоците без страв од труење.<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US"></span>