ОВЕН
Се фрливте на размислување. Каде сте сега и каде сакате да
одите понатаму. Свесни сте дека сте при крај на некои проблеми и поопуштено
размислувате за иднината. Се надевате дека следниот период ќе докаже дека сте
биле во право. Мислите на некој кој не ви е близок во моментов.
БИК
Ден создаден за прослави и веселби, во основа - за да се
биде опкружен со драги луѓе и пријатели. Единственото нешто што ќе ви пречи на
сето ова е што емотивниот партнер очекува да оди со вас, а вие не сте
расположени за такво нешто. Сакате време за себе.
БЛИЗНАЦИ
Време е да излезете од дома. Мора да се признае дека баш и
нема да бидете расположени за вакви активности, но пријателите или саканата
личност ќе ве убедат дека е вистинско време да одите некаде на некоја
активност, прошетка или добро време. И нема да зажалите. Ќе се опуштите.
РАК
Само не седете дома и губете време. Потребно е да излезете,
по можност со саканата личност и да поминете феноменален ден. Кога ќе соберете
колку сте потрошиле на крајот од викендот, веројатно нема да се чувствувате
добро.
ЛАВ
Сакате да внесете некои позитивни промени во себе, како и во
вашата емотивна врска. Тоа ќе биде прифатено на најдобар можен начин од
саканата личност. Ден на убави и стимулативни настани во кои ќе уживате и
можеби ќе потрошите повеќе отколку што сте планирале.
ДЕВИЦА
Повеќето од вашите мисли и настани ќе бидат насочени кон
емотивните односи. Поминете го овој ден со вашата сакана личност. Доколку сте
осамени, вистинско време е да излезете со пријателите, бидејќи ви треба друштво
и опуштање, а има шанси и за нови познанства.
ВАГА
Мора да се посветите на обврските кои во последно време ги
запоставувате. Исто така, тоа е вистински момент да се опуштите и да се грижите
за себе. Прашањето е колку ќе бидете расположени за контакти со другите, треба
да бидете сами.
СКОРПИЈА
Додека Месечината транзитира со знакот Риби и вашето љубовно
поле, вие се впуштате во врска со саканата личност. Потребно ви е нејзиното
присуство и блискост, особено што се чувствувате малку несигурно. Некои ќе го
поминат денот во друштво на пријатели.
СТРЕЛЕЦ
Фокусирани сте на домот и семејната средина. Оттаму црпите
сила и енергија за следната работна недела. Ќе уживате во исполнет ден, а
доцните попладневни и вечерни часови ви носат можност да запознаете некој што
ви е интересен.
ЈАРЕЦ
Денеска е нагласено полето на движење, излегувања, кратки
патувања, па најдобро би било денот да го поминете во друштво на луѓе кои ги
сакате и кои ви се блиски. Дури и ако можете да одите надвор од градот на
неколку часа и да се прошетате на чист воздух.
ВОДОЛИЈА
Сите размислуваат за добро време и опуштање, а вие
размислувате што треба да направите следната недела и веќе си правите план за
работа во главата. Мора да се признае, ќе стигнете да се опуштите со саканата
личност, но и да потрошите повеќе пари отколку што сте планирале.
РИБИ
Месечината денес транзитира низ вашето поле на знак и
личност и сигурно ќе имате промени во расположението. Често ќе бидете на работ
на солзи. Наместо да жалите, опуштете се некаде или рекреирајте се и не грижете
се - секогаш има сонце после дождот.