ОВЕН
Задоволни сте од нечии зборови и од понудата што ја
добивате. Ќе си дадете време да размислите за ова, не брзајте да прифатите.
Некој презема иницијатива и ви покажува дека е заинтересиран. Збунети сте, но
се трудите да не го покажете тоа.
БИК
Се сеќаваме на вистинските зборови кога ситуацијата веќе
поминала. Затоа вие во контакт со деловните партнери прво креирате концепт, па
дури потоа излегувате со предлози. На овој начин ќе успеете да запомните се што
е потребно. Еден близок е задоволен од вашата иницијатива.
БЛИЗНАЦИ
Денес имате важен разговор и можете да бидете дипломатски и
да му покажете на соговорникот дека внимателно го следите. Можете да направите
се, само кога сакате и кога ви е важно. Бидејќи веќе е така, применете го
истиот начин на однесување со вашата сакана.
РАК
Ги собирате сите информации и документација кои ви се
потребни и се подготвувате за сериозен деловен состанок. Ако сакате да разговарате
со претпоставениот за нешто што е важно за вас лично - искористете го првиот
дел од денот. Денеска малку време за љубов.
ЛАВ
Одлична можност да доведете до крај некоја деловна тема или
да исполните поголема обврска која ја одолговлекувате со денови. Доколку
другите ве прекинат со забелешки, јасно ќе им ставите до знаење дека во
моментов немате време за нив. Го забележувате погледот на заинтересираните.
ДЕВИЦА
Можете да кажете дека некои работи ви се појасни и дека ви
се вратила способноста за организирање и анализирање. Ви се чини дека сте
пропуштиле важни работи во однос на обврските и денес ќе им се посветите. Ќе
успеете да допрете и да им посветите внимание на драги луѓе.
ВАГА
Денес е лесно да се види кој е на ваша страна и кој ве
поддржува. Некои Ваги може да бидат изненадени од поддршката на луѓето што не
ги очекувале. Добар ден и на финансиски план. Односот со емотивниот партнер е
многу огнен и стимулирачки.
СКОРПИЈА
Денес имате одлична комуникација со властите и колегите. Ќе
се разбирате и функционирате без проблем. Доаѓате до вас интересна информација,
можеби онаа која долго ја чекавте. Скорпиите денес се подготвени за флерт.
СТРЕЛЕЦ
Денес е одличен ден и за љубов и за работа, а единственото
нешто што не треба да го правите е да се закопате во работни обврски. Ако го
направите тоа, ќе пропуштите феноменален состанок и прекрасно време со вашиот
емотивен партнер.
ЈАРЕЦ
Материјално добар ден, бидејќи успевате да наплатите
финансиско побарување. Јарците ќе бидат попарени, но денес и тие ќе бидат
подготвени веднаш да потрошат дел од тие пари. Порасположени сте, па поинаку ќе
се однесувате во партнерските и семејните односи.
ВОДОЛИЈА
Многу охрабрувачки ден за комуникација, за склучување нови
договори, за воспоставување контакти со луѓе кои ви се важни во бизнисот. Ќе
бидете во движење, расположени, весели, насмеани. Едно лице ви дава јасни
сигнали дека сака да ви се доближи.
РИБИ
Одлична деловна можност која ќе ви биде претставена. Бидете
паметни и искористете ја шансата, не размислувајте премногу. Оние кои се
авантуристи или сакаат да флертуваат - ова е денот за вас. Можни контакти преку
пријатели или преку социјалните мрежи.