Последниот федерален затвореник и осуден убиец Виктор Хари Фигер е осуден на смрт во Соединетите Американски Држави, а за последниот оброк пред неговата егзекуција побарал нешто сосема необично - само една маслинка.
Имено, доколку некогаш го погледнете списокот со желби за последниот оброк на осуденик на смрт, ќе видите дека тој е преполн со јадења за кои не се знае дали се понеобични по својот состав или количината на оброкот.
Од богати гозби, до грутки земја, до најнеобичната желба на осудениот убиец и силувач Лоренс Расел Бруер, кој побараl мноштво различни јадења за конечно да каже дека не е гладен, последниот оброк на Виктор Хари Фигер е дефинитивно најапсурдниот.
Како што е наведено на порталот „LadBible“, Виктор бил осуден на смрт со бесење во 1963 година за убиството на доктор Едвард Бартелс кога имал само 28 години. Како што е наведено понатаму, во јули 1960 година, Виктор го намамил докторот барајќи од него медицинска помош за една жена која била повредена, но кога доктор Барт пристигнал на адресата, споменатата жена ја немало, а Виктор го измамил докторот и му го одзел животот со еден истрел во главата.
Телото на докторот подоцна било пронајдено во поле со пченка во Илиноис. Откако ФБИ добил дојава од анонимен човек, кому Виктор се обидел да му го продаде автомобилот на докторот без никаква придружна документација, полицијата го уапсила Виктор во Алабама. Иако убиецот тврдел дека тој не го извршил делото, властите како мотив ја навеле кражбата на лековите што лекарот ги носел со себе, а Виктор бил осуден на смрт. Криминалецот поднел жалба на пресудата, која набрзо била отфрлена од тогашниот американски претседател Џорџ Ф. Кенеди.
Иако бил контактиран од адвокатот на Виктор и тогашен гувернер на Ајова, Харолд Хјуз, Кенеди го одбил барањето за помилување со образложение дека „злосторството било премногу брутално“, објавиле тогаш странските медиуми.
Виктор до последниот ден бил окарактеризиран како затвореник со примерно владеење, а апсолутно сите биле изненадени од неговата одлука да побара само една маслинка со семка за последниот оброк. Сепак, зад ова барање имало причина - Виктор се надевал дека од таа семка ќе израсне маслиново дрво од неговиот гроб „во знак на мир“, барем така им рекол на затворските чувари пред да го погубат во Ајова.
Откако ја поминал ноќта со свештеникот, Виктор бил погубен на 15 март 1963 година, а некои медиуми тврдат дека откако бил прогласен за мртов, во неговиот џеб била пронајдена семката од маслинка.