<b>Овен</b>
Овенот брзо се занесува со некоја личност, но брзо и ја напушта. Тој знае какви квалитети треба да има една личност за долгорочно партнерство, но речиси секогаш избира некој мистериозен за кој знае дека ќе му го скрши срцето.
<b>Бик</b>
Биковите имаат совршен, идеален однос зацртан во нивната глава и кога работите не одат според планот или се помалку од очекуваното, тие се подготвени да го „напуштат бродот“. Дајте му простор на вашиот партнер.
<b>Близнаци</b>
Близнакот сака да им ја покажува на другите својата спонтана, забавна и дива страна, но му е тешко да ги изрази своите најдлабоки, вистински емоции. Не плашете се да сеотворите.
<b>Рак</b>
Раковите се многу чувствителни и полни со љубов, но имаат лоша навика да избираат луѓе кои се сосема погрешни за нив. Тоа само ги влошува работите кога врската ќе заврши, бидејќи тие не се справуваат добро со раскинувањето.
<b>Лав</b>
Лавот ја наоѓа сигурноста преку контрола. Ако се најде во врска во која не може да ја контролира нејзината насока, ќе ја напушти. Обидете се да прифатите дека не можете да го контролирате секој детал од врската.
<b>Девица</b>
Како и во секој друг аспект од животот, девиците бараат совршенство кога е во прашање врската. Тоа значи дека често забораваат дека „совршен/а“ не постои. Намалете ги вашите очекувања и стандарди и не отпишувајте веднаш личност ако не ги исполнува сите критериуми на вашата листа.
<b>Вага</b>
Вагите се природно независни и сакаат да прават што сакаат. Поради ова, луѓето често веруваат дека не сте заинтересирани за нив. Потсетете ги потенцијалните партнери дека и покрај вашата независна, авантуристичка природа, сепак ви треба партнер, само дека ви треба вашиот простор.
<b>Скорпија</b>
Скорпиите имаат лоша навика да бидат премногу крути во почетните фази на врската. Сигурно не сакате да го преплавите потенцијалниот партнер со вашите интензивни емоции. Откако врската ќе се зацврсти, тогаш можете слободно да ги изразите вашите интензивни емоции и чувства за да ја одржите страста на високо ниво.
<b>Стрелец</b>
Стрелците можат да бидат одбивни, бидејќи се однесуваат многу променливо со потенцијалните партнери. Сакате да играте игри; една минута бркаш некого и го сакаш тоа, но следната минута сакаш таа личност да те брка. Тоа може да биде збунувачки.
<b>Јарец</b>
Луѓето ретко ја гледаат вашата светла и разиграна страна, бидејќи ви е тешко да го соблечете капутот на практичноста и логиката. Во ред е ако не сакате да дозволите никого во вашиот живот, но мора да разберете дека луѓето нема да чекаат вечно.
<b>Водолија</b>
Водолиите сакаат да најдат сигурност во тоа да бидат емоционално одвоени од сè, но тажната вистина е дека тие ги пропуштаат неверојатните искуства што ги обезбедува врската. Работете на наоѓање удобност во ранливоста. Отворете се кон другите и отворете се кон светот за да можете да искусите работи што никогаш претходно не сте ги доживеале.
<b>Риби</b>
Рибите имаат одлична визија за својот партнер. Тие се фокусирани на одредена идеја и често се толку возбудени поради пронаоѓањето на таа совршена личност што завршуваат со некој кој воопшто не им одговара. Не се трудете премногу да ја пронајдете „вистинската“ личност.