Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Две Американки се исфрлени од авион поради „оскудна“ облека (ВИДЕО)

9 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тереза ​​Араухо (34) патувала од Лос Анџелес за Њу Орлеанс со својата пријателка Тара Кехиди со Spirit Airlines за да го прослави роденденот на својата пријателка.

Тие носеле фармерки, кроп топови и дуксери за три часа и 40 минути лет и останале запрепастени откако стјуардесата им рекла да се покријат, велат тие. Ситуацијата уште повеќе се влошила откако ги соблекле дуксерите бидејќи им било жешко. После тоа, персоналот побарал од нив да го напуштат авионот.

„Се приклучија и други патници и се обидоа да нѐ одбранат, но на крајот ни зборуваше капетанот и ни рече или да го напуштиме авионот или ќе повика полиција. Тие додадоа дека не им биле вратени парите за летот и дека морале да доплатат за да летаат до Њу Орлеанс со друга авиокомпанија.

Портпаролот на Spirit Airlines подоцна изјавил дека компанијата го истражува инцидентот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ