Началникот со црвеното ферари Сашо Мијалов од Монте Карло „пристигна“ во Вевчани.
Друштво му правеа Груби и министрите кои ја продолжија недовршениот натпревар од кабинетот на василичарскиот карневал со куферчето на Државна лотарија, а Мицкоски им даваше црвен картон, пренесе ТВ24.
<b>Сашо Мијалков забележан во Монако со луксузно „ферари“</b>
Екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков е снимен во Монако, пред луксузен хотел, излегувајќи од црвено „ферари“, чија вредност се проценува на неколку стотици илјади евра.
<b>Снимка од Инстаграм</b>
Снимката, која е објавена на Инстаграм, покажува како Мијалков излегува од автомобилот и влегува во хотелот во друштво на други гости.
<b>Црна листа на САД</b>
Сашо Мијалков од поодамна е на црната листа на САД. Тој беше осуден на вкупно 24 години затвор за случаите „Империја“, „Таргет-Тврдина“, „Трезор“ и „Плацови на Водно“.
<b>Признание и одлежана казна</b>
Иако беше осуден за повеќе случаи, Мијалков досега одлежа притворска и неколкумесечна отворена затворска казна како шофер во КПД “Струга“ само за случајот „Империја“, за која доби предвремен отпуст и враќање на пасошот, без позитивно мислење од јавното обвинителство.
Во случајот “Империја“, тој во спогодба со Јавното обвинителство призна вина и доби тригодишна затворска казна, заедно со конфискација на имот, кој потоа го откупија неговите синови по цена која е подпазарна.