Една баба од Кина го дочекала својот 90-ти роденден и покрај тоа што претходните 20 години ги поминала користејќи рачна граната за да меле ореви и да забива клинци во ѕидовите. Да, добро прочитавте.
Како што пишува South China Morning Post, една баба по име Чин ја пронашла гранатата додека работела на својата фарма и со децении била убедена дека е чекан и редовно ја користела како алатка.
За среќа, трагедијата не се случила, а Кин дури минатата недела дознала дека нејзиниот живот е во опасност цели 20 години. Работниците кои работеле на нејзината руинирана куќа откриле дека се работи за рачна граната кога препознале што всушност жената држи во рацете.
„Користев граната за мелење црвен пипер, мелење ореви и забивање клинци“, вели Кин во видеото кое оттогаш стана вирално на Интернет.
Откако работниците ги алармирале властите, полициската станица од Хуангбао, од каде што е Чин, веднаш испратила на терен припадници на единицата за деактивирање и уништување експлозивни направи.