Надреалната сцена се случила пред неколку недели во Америка, кога брачен пар, кој спиел во приколка, среде ноќ повикал полиција и пријавил дека возилото им било украдено додека биле во него!
Необичниот повик стигнал до полицијата во Колорадо околу 3 часот наутро на 11 јуни. Имено, како што соопшти полицијата, парот спиел во приколката на нивниот пријател, која била паркирана пред зградата. Меѓутоа, во еден момент ги разбудил чуден звук, и тие сфатиле дека возилото е во движење.
Се испоставило дека крадецот решил да го украде автомобилот на кој била прикачена приколката, без претходно да провери дали возилата се празни.
<b><i>Сето тоа завршило многу лошо за него.</i></b>
Парот од приколката тајно повикал полиција, која веднаш тргнала во потера. Кога го „снимиле“ возилото и се обиделе да го сопрат, крадецот додал гас. За среќа, го загубил патот и завршил во ќор-сокак. Тогаш полицајците го грабнале и му ставиле лисици.
Мажот, кој и претходно бил апсен за кражба на возила, се обидел да ги убеди полицајците дека не ја украл приколката.
На видеото кое го објави полицијата се гледа како тој тврди дека не украл ништо.
„Што е проблемот, те молам кажи ми, вели крадецот, додека полицаецот му објаснува дека украл возило со полицајци внатре.
На крајот од видеото се гледа како полицијата ја отвора вратата од приколката и ја прашува двојката дали е добро.