Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Американка се обидела да го отруе сопругот со избелувач во кафето, сѐ признала на суд (ВИДЕО)

10 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Мелоди Феликано Џонсон во два наврати ставила белило во кафематот, но не очекувала дека нејзиниот сопруг Роби Џонсон ќе го открие „пеколниот план“.

За потсетување, Мелоди била уапсена во август минатата година и е обвинета, но првично се изјаснила за невина.

Таа претходно поднела барање за развод, но продолжила да живее со сопругот во Германија, кој служи во воздухопловните сили на САД.

Забележал дека кафето има „чуден вкус“ и се посомневал дека жената се обидува да го убие, за да ја наплати полисата за животно осигурување, пишува Дејли мејл.

Набрзо поставил скриени камери во куќата, а Мелоди била снимена како истура белило во апаратот за кафе во пералната.

Според судските записи, сопругот продолжил да се преправа дека пие кафе, но не отишол во полиција додека не се вратил во базата Дејвис во САД.

Потоа снимката ја предал на властите, а неговата сопруга била уапсена.

Мелоди признала дека на 11 и 18 јули минатата година истурила белило во уредот, па ѝ се заканува казна затвор од четири години. Постои можност во казната да биде вклучено и времето поминато во притвор.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ