Џоселин Вилденштајн, позната по прекарот „жена-мачка“, почина на 85-годишна возраст. Како што пренесува „Paris Match“, таа починала во париски замок поради белодробна емболија. Веста ја потврди нејзиниот партнер Лојд Клајн.
- Лојд Клајн со тага ја објавува веста за смртта на Џоселин Вилденштајн во Париз, се наведува во соопштението што го пренесе АФП.
Џоселин последен пат е видена на 18 декември во Париз, изгледала здраво и насмеано додека се шетала со својот партнер.
Позната по својот специфичен изглед, кој вклучува нагласени мачкини очи и карактеристики налик на лав, Вилденштајн го доби прекарот „жена мачка“, оваа Швајцарка стана позната ширум светот по нејзините пластични операции кои целосно и го променија изгледот и и го донесоа прекарот, откако цртите на нејзиното лице почнаа се повеќе да потсетуваат на ликот на ова животно.
Таа до 85-та година наводно трошела огромни суми пари на пластични операции, а не така одамна за прв пат беше откриено како навистина изгледала во младоста, многу пред сите интервенции и резултатот што на крајот и го донеле овој, навистина не баш ласкав прекар.
Пред неколку години таа сподели фотографија на својот Инстаграм-профил со натпис: „Среќен роденден на мојата прекрасна ќерка Дајан Вилденштајн“, а многумина тогаш беа изненадени од убавината на лицето на Џоселин како млада мајка, долго пред да се претвори во „ жена мачка“. Луѓето ширум светот беа фасцинирани од непрепознатливата мајка на две деца, која на фотографијата изгледа како холивудска дива од 70-тите, со прекрасна руса коса и гламурозна шминка, насмеана и во совршена поза со нејзината ќерка Дијана во скутот.
Џоселин одлучила да ја направи првата пластична операција за подигнување на очните капаци уште во 1978 година. Таа и нејзиниот поранешен сопруг Алек Вилденштајн имале заедничка операција една година откако се венчале, но наводно продолжила да се подложува на процедури и кревање на лицето бидејќи, како што подоцна тврдела, нејзиниот сопруг „мразел да биде со стари луѓе“.
Веќе по неколку операции низ годините, лицето на Џоселин и го донесе прекарот „жена мачка“.
- Рис има совршени очи. А ако ви покажам фотографии од баба ми, ќе видите слични мачкини очи и високи јагодички, изјавила неколку пати низ годините, како што пренесува „Мирор“, тврдејќи дека всушност немала премногу пластични операции. но дека тоа е нејзиното „швајцарско наследство“, освен што признала дека имала само една операција од повеќе милиони долари за дополнително да ги направи нејзините очи „мачкини“.
Џоселин и Алек биле во брак речиси 20 години, за време на кој ги добија синот Алек и ќерката Дајан. Џозелин еднаш се пофали дека како двојка трошат околу 1 милион долари секој месец на нивниот раскошен начин на живот. Семејството изгледаше среќно - додека Алек не поднесе барање за развод во април 1997 година.
Иако ретко даваше интервјуа и продолжи да живее повлечен живот, таа изминатото лето излезе да тврди дека останала „скршена“ и немала приходи осум години откако семејството на нејзиниот поранешен сопруг „ја свртело чешмата“ за пари, што таа ги обезбеди благодарение на разводот. Таа тогаш, тврдејќи дека нејзиниот сопруг е неверен, добила порамнување од 2,5 милијарди долари, а секоја година по разделбата се доделуваат по 100 милиони долари.
Всушност, во интервју за „The Sunday Times“ во јуни 2023 година, таа тврдеше дека Алек, кој почина во 2008 година, се обидел да ја обвини за нивниот неуспешен брак, велејќи дека повеќе не ја препознава својата сопруга поради нејзините чести и големи пластични операции.
Џоселин, која до својата смрт остана позната исклучиво по пластичните операции, иако на многумина им се допадна нејзината фотографија од минатото, ги исклучила коментарите на сите нејзини објави.