<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Најсеверниот
регион на Норвешка, Финмарк, побара од Европската комисија да одобри
воспоставување временска зона со 26-часовен ден, објавија локалните медиуми.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Локалните власти
наведуваат дека ова барање, промовирано од градоначалникот на Вадсо, мал град
во Арктичкиот круг во близина на руската граница, кое многумина го сметаат за
бизарно, има за цел да ги промовира локалните вредности, да го зголеми времето посветено
за семејството и да привлече нови жители во регионот, објави Политико.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Во нивното писмо
до Европската комисија, кое го потврди приемот на барањето, локалните власти во
регионот Финмарк бараат од ЕК да им нареди на норвешките власти да одобрат
создавање временска зона со 26-часовен ден наместо 24-часовен. </span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Не размислувавме
многу за тоа како во пракса би функционирале новите временски зони. Мислам дека
ЕК нема да го одобри овој предлог, затоа не ги разработивме сите детали“, рече
Венче Педерсен, градоначалник на Вадсо, нагласувајќи дека овој регион се бори да
привлече нови жители.</span>