Пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски објави дека заедно со премиерот Мицкоски и градоначалникот Стојкоски поделиле новогодишни пакетчиња.
-Денеска заедно со претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски посетивме неколку семејства во општина Ѓорче Петров и поделивме новогодишни пакетчиња.
Ова е своевидна неколкугодишна традиција со која посетуваме неколку семејства и ги радуваме дечињата.
Нивните насмевки и позитивни искрени реакции не мотивираат дополнително да се бориме за Република Македонија да стане пристојно место за живеење.
Да го градат својот живот тука и тука да ја гледаат својата иднина.
Благодарност до семејствата за приемот.