ОВЕН
Можеби вашата импулсивност и нервоза се делумно виновни за
актуелното прашање на работа. Ќе ви биде тешко да се фокусирате на обврските,
бидејќи мислите ви го одвлекуваат вниманието. Прилично интензивно во емотивните
врски. Посесивни сте кон саканата личност.
БИК
Плановите се предмет на промена, затоа не се обврзувајте на
нив. Подгответе се дека во секој момент може да бидете исфрлени од планот
поради неочекувани настани. Тешко одговара во однос на тајмингот со емотивниот
партнер. Поемотивни сте од вообичаено.
БЛИЗНАЦИ
Потребна ви е поддршката од колегите, па потрудете се денес
да имате добра и коректна комуникација со нив, иако тоа ќе биде доста напорно и
тешко. Многу мали обврски ве истрошуваат. Емотивниот партнер не ви посветува
доволно внимание.
РАК
Многу интензивен и исполнет ден. Подгответе се за метеж и
врева, конфузија и напнатост. Имајте ладна глава - можете да завршите сè на
време. Во љубовта премногу се стресувате за верноста на партнерот, а ви пречи
кога тој ќе стане љубоморен.
ЛАВ
Можно е да има промени во аранжманите. Обидете се да се
прилагодите на новите околности. Покрај обврските, можно е да треба да завршите
и нешто поврзано со документи. Во љубовта сте премногу нервозни и
нерасположени.
ДЕВИЦА
Доста сте фокусирани на обврските кои ги имате во текот на
овој ден, но тоа не значи дека ќе ги правите без расеаност и нервоза. Можноста
за неочекувана понуда е пред вас. Едно лице почнува да реагира на сигналите што
им ги испраќате. Добра комуникација.
ВАГА
Денеска ќе се обидете да имате коректни односи во
колегијална средина. Многу мали обврски – решете ги на време и не натрупувајте
ги. Повремено може да има напнатост во комуникацијата со саканата личност, но
ќе се обидете брзо да ја измазнете.
СКОРПИЈА
Овој понеделник ќе ви донесе интензивна комуникација и
одредена нервоза во колегијалниот сегмент. Некои работи кои веќе долго време ги
премолчувате, конечно ќе се осмелите да ги кажете. Едноставно - не сакате
повеќе да молчите. Емотивно - солидно, но без вистинска жар.
СТРЕЛЕЦ
Промените кои настануваат како во плановите, така и во
извршувањето на обврските ќе се трудите да ги надминете со смиреност и
посветеност. Колегите кои ви ветија помош можат да ве остават на цедило. Потребен
ви е мир во односите со саканата личност, но тој во моментов го нема.
ЈАРЕЦ
Прилично заморен прв дел од денот, повремено напнатост,
најмногу поради тоа што е тешко да се договорите со деловните соработници и
колеги. Добар момент е да забележите колку една личност се обидува да ве
достигне. Во постоечките врски - нервоза.
ВОДОЛИЈА
Мора да се прилагодите на луѓето со кои доаѓате во контакт,
доколку сакате да постигнете дел од плановите, но тоа ќе се покаже како доста
напорна задача. Недоразбирање и неподготвеност другите да ве запознаат. Во
прогнозата е поситна дискусија со саканата личност.
РИБИ
Деловниот сегмент нема да функционира најдобро. Можно е тоа
да се должи на преголемите барања од оние со кои работите, или пак нивната
претерана ситничарост. Чувствувате промена во односот со саканата личност, но
се уште не сте сигурни што носи тоа.