ОВЕН
Внимавајте да не ги повредите другите со вашите зборови
денес, бидејќи тоа може да ви се врати како бумеранг. Не ги расипувајте
односите со некои луѓе, особено ако се работи за емотивен партнер. Покажете
повеќе топлина и толеранција.
БИК
Сфаќате дека сте прекалкулирале и потрошиле многу повеќе
отколку што сте планирале. Мала загриженост што се однесува до финансискиот
сегмент бидејќи сте свесни дека имате претстојна обврска која треба да ја
покриете. Со емотивниот партнер нема да се согласувате за важни прашања.
БЛИЗНАЦИ
Не можете да се воздржите од коментари за одредени работи на
емотивниот партнер, иако сте свесни дека тоа може да предизвика расправија. Денов
е создаден за борба, наместо тоа подобро излезете и прошетајте некаде заедно, треба
да се опуштите.
РАК
Очекувавте да поминете мирен и опуштен ден, но успеавте да
си наметнете обврски со кои не можете да се носите. Силно се сомневате во некои
зборови и објаснувања на партнерот и намерно ќе го испровоцирате да ја открие
вистината.
ЛАВ
Напната ситуација во семејниот дом. Помеѓу вас и вашата
сакана или сопружник денес има прилично непријатна ситуација. Тоа може да биде
испровоцирано од зборовите или постапките на трето лице кое се мешало во вашата
врска.
ДЕВИЦА
Ве вознемируваат некои ситуации и дискусии во кои лично не
сте вклучени, но не сакате да останете само набљудувач. Можно е тоа да е
поврзано со полето на семејството. Ќе се обидете да ги натерате учесниците да
постигнат компромис.
ВАГА
Ако планирате состанок, веднаш ќе ви кажеме дека ќе ви
требаат нерви како јажиња. Ништо нема да функционира како што сте планирале,
можни се непријатности, неочекувани промени, дури и напнатост и расправии.
СКОРПИЈА
Слободно кажете им збогум на вашите планови, бидејќи денес
нема ништо со таа работа. Ми се чини дека се ќе се случи спротивно на твоите
очекувања и намери. Сепак, може да има и нешто позитивно - саканата личност
може да ве изненади на пријатен начин.
СТРЕЛЕЦ
Припадниците на вашиот знак денеска ќе имаат проблеми поради
недоразбирањата со луѓето со кои доаѓате во контакт. Исто така, можете да
потрошите многу пари на нешто, за кое ќе одлучите дека не ви одговара. И со
емотивен партнер, можност за дискусии.
ЈАРЕЦ
Наместо да се одморите и опуштите, вие се фрливте на некоја
работа во и околу куќата. Тоа е како да треба да бидете преоптоварени со работа
за да не размислувате за емотивните ситуации кои ви се доста вознемирувачки.
Размислувате за постапките на некој близок.
ВОДОЛИЈА
Нема да можете да се справите со некои ситуации и се плашам
дека ќе треба да одлучите кои се вашите приоритети. Вашето присуство е
неопходно на многу начини и ќе ви пречи што другите луѓе не разбираат дека не
можете да им посветите доволно време.
РИБИ
Потребата да се биде сам или да се биде покрај семејството
или саканите. Сепак, тешко успевате во намерите, бидејќи мора да се појавите на
некој собир. Можно е денес да имате премалку време за саканата личност.