Министерот за одбрана Владо Мисајловски анализата на<span> </span><a href="https://plusinfo.mk/mavo-stranskite-investicii-priliv-od-838-milioni-evra-za-devet-meseci/" target="_blank">Блумберг Адриа</a><span> </span>ја оцени како мошне позитивна, а најави дека и во иднина ќе доаѓааат уште многу странски инвестиции.
– Навистина е убаво после само неколку месеци да се разликува се она што било претходно, и тоа го најавувавме долго време. Честитки до сите што работаат макотрпно за да донесат што повеќе странски инвестиции, но и да се раздвижи и целиот пазар. Ова се добри бројки, ова се навистина добри работи, ги охрабрува сите што се во Владата дека навистина вреди она што се работи. Видовте дека изминатиот период многу странски инвестиции дојдоа, но многу нови ќе доаѓаат бидејќи тоа е долгорочна работа. Но мораме да бидеме искрени, дел од тие инвестиции низ годините се работат, но најважно е кога ќе се донесе одлуката за инвестиција, и еве тоа се случува и тоа е добро, тоа се позитивни моменти, и не само тука, може да видиме во делот на развивање на индустријата, на градежништвото, многу општини се разработија – рече Мисајловски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија,
Денеска во анализа Блумберг Адриа објави дека странските директни инвестиции во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и убедлив рекорд во изминативе дваесет години.
„Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и убедлив рекорд во изминативе дваесет години. Доколку приливот на странски инвестиции продолжи со исто темпо голема е шансата Македонија прв пат во историјата да оствари над милијарда евра странски директни инвестиции во текот на една година“, анализира Блумберг Адриа.
Податоците на Народната банка откриваат дека само во третиот квартал од годинава, приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигна 281,6 милиони евра.
Оттаму информираа дека во овој период има зголемени нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг (219,5 милиони евра), сопственичкиот капитал (39,9 милиони евра) и реинвестираната добивка (22,2 милиона евра).