Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Во Бугарија се урна воен тренажен авион Л-39

13 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Како последица на падот на авионот избувнал пожар.

-Преземени се сите мерки за локализирање на пожарот и утврдување на причините за трагичната несреќа, изјави Евелина Бранимирова, советник за медиуми на министерот за одбрана.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев претходно денеска како копилот учествуваше во демонстративен лет на борбен авион Ф-16 во таа воздухопловна база.

Поради падот на авионот, бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов го откажа аеромитингот во Третата воздухопловна база, соопшти ресорното министерство.

Генералот Николај Русев од бугарското воздухопловство изјави дека авионот што се урна не е од воздухопловната база. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ