Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Гори рафинерија во Грција- прекинат е и железничкиот сообраќај, итна евакуација (ВИДЕО)

17 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Грчката противпожарна служба соопшти дека се мобилизирани копнени и воздушни сили за гаснење на пожарот. Пожарот моментално не им се заканува на наполнетите цистерни, но гаснењето се смета за тешка операција и планот е да се намокри целиот периметар за да се спречи ширење на пламенот. Тројца работници со полесни повреди се пренесени во болница, пренесе Прототема.

Густ црн чад се гледа од неколку километри, додека жителите од околните населени места добиле порака да се евакуираат.

Локалните медиуми јавуваат дека гори мазут и дека според првичните проценки пожарот најверојатно настанал од експлозија при чистење на резервоарот.

Итно е запрен патниот и железничкиот сообраќај, а се очекуваат доцнења и откажувања на летови.

Министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас го информираше премиерот Киријакос Мицотакис за пожарот во рафинеријата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ