Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Со бесшумен огномет и шоу со дронови, Атина ја дочека Новата година

1 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Со концерт, со традиционален огномет, но оваа година за првпат бесшумен и со спектакуларно шоу со дронови, Атина ја дочека Новата година на плоштадот Синтагма, додека во Солун се одржа забава со диџеи кај Белата кула, јави дописничката на МИА од Атина.

На плоштадот Синтагма, општина Атина, организираше новогодишен концерт со учество на познати грчки пејачи, а градоначалникот Харис Дукас беше првиот што на граѓаните им ја честита Новата година.

На полноќ, стотици дронови го осветлија небото над Атина, упатувајќи желби за 2025 година, а огнометот годинава за првпат беше бесшумен.

Во Атина имаше дочек со концерти и на друга локација, организирана од периферијата Атика.

Во Солун, кај Белата Кула на која беа поставени специјални светла и рефлектори, се одржа забава со електронска музика и учество на познати диџеи, дочек поразличен од претходните години, а не изостана и огнометот. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ