Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Силно невреме во Словенија, прогласен портокалов аларм (ВИДЕО)

1 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Арсо наведува дека невремето ќе трае целово попладне и вечер, а прогласен е и портокалов аларм.

Невремето со град што се движеше од Постојна преку Иванчна Горица и Ново Место сега слабее, додава Арсо. Најсилниот удар на ветерот е измерен во Нови Место, а тој изнесувал 63 километри на час.

Едниот крак на невремето се поместил од Лешац, кај Радовљица и Љубљана кон североисток и го погодил подрачјето на Велење, каде што се забележани 28 мм дожд. Во Мозирје за 30 минути се забележани 26 мм врнежи, а во Рогла 21 мм.

„Се формираат нови бури и најверојатно вака ќе биде цело попладне“, предупредува Арсо.

Пожарникарите веќе излегоа да интервенираат во Велење и Шмартно об Пака.

Во Церкно ветерот соборил поголем број дрвја, а едно од нив паднало врз станбена зграда. Во Камник поплавени се куќи и камп.

Нови бури се формираат на северот на Италија и се движат кон североисток. Арсо предупредува и на зголемување на поројните водотеци.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ