Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Пуштен за сообраќај тунелот Логара, еден од најголемите проекти во Албанија

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Се наоѓа на околу 20 километри јужно од Валона, во должина е од 5,9 километри, во чија изградба вложени се 139,6 милиони евра, а кој според албански медиуми, има директно влијание врз целата албанска економија.

Главниот тунел е широк 7,70 метри и висок 4,70 метри, со тротоари од двете страни со ширина од по 1,17 метри и е опремен со вентилација, дренажен систем и систем против пожар и чад. 

-Тунелот е поврзан и со новиот пат Орикум-Дукат, што овозможува инфраструктурата кон југот на земјата да го скрати растојанието во очекување на рекордни бројки од туризмот годинава. Отворањето на тунелот првично ќе биде етапно за патнички моторни возила и автобуси, а не за тешки товарни возила, објавија медиумите.

Додаваат дека церемонијата на свеченото пуштање била празнична, исполнета со песни и ора.

-Тунелот Логара, едно од историските дела што засекогаш ќе го промени патувањето кон југот, напиша премиерот Еди Рама во објава на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Вицепремиерката и министерка за енергетика и инфраструктура, Белинда Балуку, во емисија на Топ чанел, синоќа објасни дека годинава минувањето преку тунелот ќе биде бесплатно, но, во наредните години ќе чини околу пет евра./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ